Синоќа во Кавадарци во Стрит бар во присуство на медиумите претставници од општината, министерството за култура и свои блиски роднини и пријатели Софија Манева го промовираше својот деби албум насловен Тишина.
По најавата од страна на водителот Марко, Софија излезе на сцената во креација на Љутикова пеејќи една од песните на албумот со наслов Пробај сакај ме, за која синоќа беше промовиран и видео запис.
Софија со еден краток времеплов со видеопроекција ги потсети присутните од нејзиниот почеток со музиката 2007 год. па се до денес.
Автори на песните се Тони Соколов – Цока и Перо Манев на една од песните како автор на музиката е Софија, песна со која Софија го продолжи својот настап изедувајки ги и останатите песни од албумот.