Генерал потполковник Константинос Гинис е именуван за нов началник на Генералштабот на копнената војска во Грција.
Неговото назначување го поздрави грчкиот министер за одбрана Панос Панајотопулос по завршувањето на седницата на владиниот Совет за надворешна политика и одбрана, предводен од премиерот Андонис Самарас, која беше посветена за безбедносни прашања.