Во Гевгелија вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт „СРВ Фест“ во чест на Ристо Калиников, гитарист на бендот „Аквариус“, кој минатиот октомври на 22 годишна возраст ја загуби битката со тешката болест.
Целта на фестивалот е да се соберат хуманитарни средства за оние кои имаат потреба од итна финансиска помош. Неговата визија е да стане традиционален и преку хуманитарни акции да обезбедува помош на лицата кои боледуваат од тешки болести.
Концертот ќе се одржи на градското шеталиште во центарот на Гевгелија со почеток во 20 часот.