Со повеќе манифестации денеска во Богданци беше одбележан Денот на ослободувањето на градот-10 октомври.
Делегации од Сојузот на борци, пензионери, невладини организации, политички партии и од локалната самоуправа предводена од градоначалничката Анастасија Олумчева положија цвеќе пред спомен-обележјата и бистите на борците кои го овозможија слободното живеење на граѓаните од општина Богданци.
Во детската градинка се одржа претстава преку која се одбележа значењето на нивниот патрон Коста Поп-Ристов.
По повод Денот на општината, градоначалничката Олумчева приреди прием и упати честитка до граѓаните.
– Да продолжиме да веруваме во желбите, идеите и во луѓето кои ни го овозможија овој слободен ден, овој слободен град и слободна Македонија, рече Олумчева.