Турција ги отфрли тврдењата дека гради ѕид на границата со Сирија

Од:

Турција ги демантира информациите дека гради ѕид на границата со Сирија, наспроти тврдењата на градоначалникот на пограничен град и на локални жители дека изградабата веќе почнала, објави денеска турскиот весник „Тудејс заман“.

На средба во Анкара посветена на сириските бегалци, вицепремиерот Висер Аталај ги отфрли информациите за изградба на ѕид на границата со Сирија. Аталај изјави дека информациите за тоа не ја отсликуваат реалноста, сепак додавајќи дека се прават напори за зголемување на безбедноста на регионот.

Турските медиуми претходно јавија дека во регионот на градот Нусајбин во округот Мардин, почнале подготовки за изградба на ѕид со цел да се спречи илегалното преминување на границата и шврец.

Претставник на округот Мардин, за „Тудејс заман“ изјави дека градежните активности не ги вршат властите на округот и дека немаат информации за што станува збор.

Турските медиуми, исто така, објавија дека друг ѕид со должина од околу два и пол километри ќе биде изграден во близина на граничниот премин во округот Килис, на 10 километри од сирискиот град Азиз.

 

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски