Најскапата женска фризура во светот, во вредност од 500 милиони долари, беше претставена вчера во Лондон.
Фризурата беше изработена од познатиот британски златар Лоренс Граф, кој со неа ја одбележа 60-годишнината од неговата работа.
– Се обидов да создадам изглед, кој ќе ги заинтригира младите жени. Им предлагаме да носат дијаманти во косите, изјави Граф.
Во косата на моделот со специјален метод беа вплетени 22 сапоцените украси, на кои имаше брилијанти и дијаманти. Граф, кој имигрирал во Велика Британија од Русија, почнал да работи во лондоското атеље за скапоцен накит кога имал 15 години.