Две децении македонска дипломатија со над 20 држави

Од:

Процесите на глобализација бараат здружување во ширењето и продлабочувањето на демократските придобивки, а партнерствата одржлив и видлив демократски капацитет на посветените земји. Воедно и овозможуваат на домашната јавност да има разбирање за комплексноста на проблемите.

Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на свеченоста по повод 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе од 20 земји.

Пред две децении Македонија воспостави дипломатски односи со Белорусија, Нов Зеланд, Индонезија, Босна и Херцеговина, Малезија, Пакистан, Народна Република Кина,Ангола, Германија, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Франција, Италија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Бугарија, Албанија, Финска, Полска и Исланд.
Според министерот Попоски, со воспоставување на дипломатските односи со тие земји се испрати позитивен сигнал и за останатите земји во светот. – Се создаде солидна основа за унапредување на севкупните односи на билатерален план и во рамки на мултилатералните организации каде низ годините одлучувавме за разни регионални и глобални прашања во поглед на зачувување на мирот, безбедноста, животната средина, како и изградбата на демократски, слободни и просперитетни општествета, посочи Попоски.

Република Македонија од своја страна, оцени, докажа дека е кредибилен партнер во меѓунардната заедница, земја која даде свој придонес за стабилизирање на состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

– Низ годините спроведовме голем број реформи во сите сфери на општеството и сеуште работиме на нивна целосна примена следејќи ги европските стандарди и вредности. Воедно продолживме со политиката на инвестирање и унапредување на добрососедските односи, а истото го очекуваме и од нашите соседи, рече шефот на македонската дипломатија.
Осврнувајќи се на процесите на глобализација и партнерствата Попоски наведе дека е убеден оти не очекува уште посветла и побогата заедничка иднина.

Би можело да ве интересира

Интегра со поддршка за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Предраг Петровиќ

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Предраг Петровиќ

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Ѓорѓиевски: На Шуто Оризари му е доста од хаос и запоставеност, мојот концепт е Скопје еднакво за сите граѓани