На интелигентните луѓе им е потешко во животот

Од:

Истражувањата покажуваат дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција остануваат подолго будни во ноќта, па последично подоцна се будат наредното утро.

Експертите велат дека тоа не треба да не чуди, бидејќи интелигентните луѓе многу често ги одбираат ноќните саати за читање, проучување, анализирање, пишување…

Поради тие активности мозокот се буди и после им е потешко да заспијат. Лошата страна на тоа е што квалитетниот ноќен сон е исклучително важен за здравјето и нормалното функционирање на човекот.

Уште една “лоша страна” на интелигентните луѓе е социјалната неснаодливост, особено во текот на средното училиште, па дури и во раните дваесетти години. Кај некои тоа трае скоро цел живот, бидејќи се чувствуваат подобро во сопственото друштво или во друштво на добро познати луѓе.

Лоша страна е тоа што интелигентните луѓе неретко имаат исклучително високи критериуми. Но, добра вест е дека кога еднаш ќе ја пронајдат личноста која им одговара, уживаат во значително подобар секс од луѓето со просечна интелигенција.

Интелигентните луѓе обично знаат дека токму тие се најпаметните во просторијата. На некои луѓе тоа ништо не им значи и можат нормално да се вклопат во друштвото во кое се наоѓаат. Но, некои други го користат својот интелект за на некој начин да ги малтретираат другите.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ