Актерката Меријем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан, паднала во долгови од три неитплатени кредити, од кои два во Германија и еден во Турција – пишува турскиот весник Хуријет.
„Меријем на својата сестра, која со децата живее во Франкфурт, и купила огромна куќа на периферија на градот, но за неа поради недостаток на финансиски средства подигнала кредит. Истото го направила и кога ги купувала нејзините два автомобила марка „ауди“ истовремено. Бидејќи се надевала на неколку договори за рекламни кампањи и верувала дека со тие пари ќе ги покрие кредитите, но сето тоа се изјаловило. Проблематичен е и нејзиниот имот во Анкара, кој истотака е под хипотека и Меријем би можела да остане без него“, им раскажала нејзина блиска роднина на медиумите.
Ниту продукциската куќа која ја релизира серијата „Величествениот“ не сакала на актерката да и даде заем, дури и кога таа се заканувала дека ќе се повлече од проектот.