Министерот за економија Ваљон Сарачини и градоначалникот на Општина Чаир денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Република Турција каде што ќе имаат средби со стопанственици – потенцијални инвеститори во Република Македонија.
Бурса е на агендата во текот на првиот ден од посетата, каде што се планирани средби со градоначалникот на овој град, со претставници на стопанските комори и компании кои се нивни членки, како и посета на индустриска зона.
Вториот ден средбите ќе продолжат во Истанбул, со потенцијални инвеститори кои изразиле интерес за проектите кои се реализираат во Република Македонија, со цел од министерот Сарачини да слушнат за можностите за инвестирање и најактуелните инвестициски проекти во земјава.