ВИДЕО: Конзервната индустрија бара увоз на пиперки од Азија и Африка

Од:

Синдикатот на земјоделски производители денеска во Струмица реагираше на барањето на конзервната индустрија да и се овозможи безцарински увоз на домати и пиперки од Африка и Азија.

-Синдикатот ги повикува преработувачите на градинарски производи да стопанисуваат во услови на пазарна економија, да разговараат и се договараат со земјоделците кои би го планирале своето производство според потребите на конзервната индустрија како по количини, така и по култури.

Синдикатот е загрижен од одобрувањето на Владата на Република Македонија за безцарински увоз, пред се од причина што пиперките или доматите кои ќе бидат увезени од земјите на Африка и Азија потоа на пазарот ќе се продаваат под ајвар од македонско потекло и долгорочно ќе нанесе штета на македонските земјоделци и нарушување на квалитетот на производите.

За долгорочно надминување на овој проблем, Синдикатот предлага веднаш после завршувањето на сезоната за преработка на црвената пиперка и доматите да се започне со подготовка за следната сезона со договарање на условите и количините за нивните потреби за преработка, рече на денешната прес конференција Ристо Велков, претседател на Сојуз синдикат на земјоделски производители.

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал