Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се сретнал со лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас, Халед Мешаал, кој се наоѓа во егзил, објави денеска турската државна телевизија.
ТРТ пренесе дека премиерот Ердоган синоќа го примил Мешаал во својата резиденција.
Врските меѓу Турција, која е најголемата муслиманска членка на НАТО, и исламистичката група Хамас, која управува со Појасот Газа, се развиваат откако односите меѓу Турција и Израел се влошија по смртоносната операција на израелски командоси врз турски брод, кој пловел за Појасот Газа, во 2010 година.
Во јануари оваа година премиерот на Владата на Хамас во Појасот Газа Исмаил Ханија го посети Ердоган во неговиот дом во Истанбул.