Сарачини на работен појадок со амбасадорите на соседните земји

Од:

Засилена соработка во регионот беше тема на разговор на денешниот работен појадок на министерот за економија Ваљон Сарачини со амбасадорите на соседните земји Србија, Косово, Албанија, Грција и Бугарија.

Министерот Сарачини, како што информираат од неговиот Кабинет, укажа на неопходноста од почитување на принципите во рамки на ЦЕФТА и ја актуелизираше можноста и потребата од регионално економско здружување во настапите на трети пазари. Повика и на заедничко дејствување во правец на реализација на регионални проекти во енергетиката, сообраќајот, туризмот, прекуграничната соработка, царината, борбата против економскиот криминал и корупцијата.

– Искористувањето на сите расположливи можности за соработка во рамки на ЦЕФТА треба да е наш приоритет, но и да работиме во насока на изнаоѓање на сите можни начини за намалување на трошоците, олеснување и забрзување на меѓусебната соработка. Неопходно е и создавање регионални брендови и балканска берза, зголемување на квалитетот и конкурентноста на сопствените производи во трговијата со трети земји, формирање фонд за економска помош на земјите што се соочуваат со финансиски проблеми,…, рече Сарачини.

Тоа, нагласи, би бил начин за соочување со последиците од актуелната и со заканите од евентуална идна економска криза, но и за поефикасен и покус пат за зачленување во ЕУ.
Дел од темите на кои беше разговарано на работниот појадок беа во насока на засилување на меѓусебната соработка на планот на туризмот и поттикнување на туристичката размена меѓу одделните земји, со акцент на создавање заедничка туристичка понуда, како и поголема заедничка промоција на регионот како дестинација на трети пазари.

Стана збор и за интензивирање на реализацијата на прекугранични проекти за заедничко користење на ИПА фондови за прекугранична соработка, на инвестициските активности меѓу одделните земји и на меѓукоморската соработка на соседните земји, како и за надминување на повремените проблеми во трговските односи меѓу одделните земји.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница