Спротивностите се привлекуваат

Од:

Постојат неколку причини зошто мажите и жените со различни особини се привлекуваат.

1. Уживаат да бидат поинакви еден од друг

Спротивностите се привлекуваат затоа што луѓето сакаат да бидат поинакви од својот партнер. Доколку запознаете човек кој има исти интересирања, личност и однесување како вашето, вашата врска после некое време може да стане досадна.

2. Љубопитност за партнерот

Вашата љубопитност ќе биде поттикната ако запознаете маж со особини на кои до тогаш не сте наишле. Сигурно ќе сакате да го запознаете подобро. Посебно ако тие особини се спротивни од вашите.

3. Врската добива нова перспектива

Кога спротивностите се привлекуваат тие формираат различни комбинации на вештини, ставови и перспективи. Можеби ве привлекува маж кој размилува да направи нешто што вие не сте се сетиле. Спротивностите се привлекува затоа што двојките сакаат разновидност и нови перспективи.

4. Партнерот ве инспирира токму поради тоа што е поинаков од вас

Еден од причините зошто спротивностите се привлекуваат е воодушевувањето на особините на партнерот кои сами не ги поседувате. Двојките се чуствуваат исполнето во друштво на партнерот на кој му се восхитуваат.

5. Природно човечко однесување

Експертите тврдат дека привлечноста на спротивнсотите е пример за природно човечко однесување. Исто така, наведуваат дека жените можат да привлечат мажи со целосно поинаков имун систем од нивниот. Тоа е веројатно причина зошто добрите девојки воглавно привлекуваат лоши момчиња.

6. Се дополнуваат еден на друг

Никој на светот не е совршен. Меѓутоа, две лица, како двојка, можат да формираат солидна основа на особините кои им помага да ги надополнат меѓусебните недостатоци. На пример, доколу сте интровертна личност, веројатно ќе ве привлече некој кој е слободен и опуштен, кој ќе ви помогне да се опуштите и ослободите.

7. На двојките им е полесно да поминуваат повеќе време заедно

Доколку интересирањето и страстите на вашиот дечко се целосно поинакви од вашите, најверојатно ќе имате за многу нешта да разговарате, а со самото тоа и повеќе време ќе поминете заедно.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска