Селекторот на Велс, Колмен со проблеми околу составот

Од:

Со сериозни проблеми околу составот за претстојните натпревари се соочува селекторот на фудбалската репрезентација на Велс Крис Колмен.

Поради повреди во репрезентацијата нема да се појават уште пет играчи, а секако најзвучно име е Герет Бејл од Реал Мадрид.

Покрај играчот на шпанскиот клуб нови откази стигнаа од: Бен Дејвис (Свонси), Сем Рикетс (Вулверхемптон), Адам Метјуз (Селтик), Дени Габидон (Кристал Палас) и Џек Колисон (Бурнмаут) – сите повредени.

Колеман од исти прични и претходно доби неколку откази, па така бил принуден да повика девет нови фудбалери како замена по добиените откази.

Покрај дуелот со Македонија на 11. октомври, Велс на 15. октомври ја очекува и натпревар со Белгија, која е лидер во нашата група.

Би можело да ве интересира

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ

Барселона го загуби судскиот спор против Зенит

Предраг Петровиќ

Примија смешен гол, па славеа на „Максимир“

Предраг Петровиќ

Србија оствари победа над Швајцарија во Лесковац

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо