Еврокомесарот за правосудство Вивиан Рединг денеска ги повика земјите-членки на ЕУ да го забрзаат темпо во реформирањето на европските правила за заштита на личните податоци.
– Државите треба веќе да се подготвени да постигнат согласност по дебатите кои траат 18 месеци. Јас сум многу трпелива и се обидувам да го решам секој проблем на секоја земја- членка, така што сите да можат да бидат задоволни, истакна Рединг на денешната средба во Луксембург со министрите за правда на земјите од ЕУ.
ЕУ бара да се рефрмираат правилата за заштита на личните податоци од 1995 година. Со реформата треба да се зголемат правата на граѓаните врз нивните лични податоци. Дебатите добија нов правец по шпионската програма на американската Агенција за национална безбедност и се уште постојат несогласувања околу деталите.
Според дипломати од Унијата, до крајот на годинава нема да биде постигнат напредок во врска со оваа реформа.