Министерот за економија Ваљон Сарачини, во рамки на проектот „Отворено со бизнисот“, денеска ќе има средба со претставници на услужната и трговската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
На средбата, како што најави Министерството за економија, ќе се дискутира „за стратешката определба за спроведување континуирани, системски реформи со цел создавање на предвидлива бизнис клима, подобрување на условите на делување на деловните субјекти, но и истовремено почитување на правата и обврските“.