Шефот на НАТО ги откри американските планови

Од:

Соединетите држави не планираат веднаш да го намалат своето воено присуство во Европа и покрај барањата европските земји да се грижат за нивната одбрана, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Нема планови за ненадејно намалување на нивното присуство овде во Европа“, рече Руте.

Министрите за надворешни работи на НАТО се собраа во Брисел во време кога Европејците се надеваат дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ги отфрли сомнежите за позицијата на САД.

Во последните месеци Вашингтон отворено им порача на европските земји дека повеќе не може првенствено да се фокусира на безбедноста на европскиот континент и дека ќе мора да трошат многу повеќе за одбраната.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Руте: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

А1он

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори