Канческа-Милевска: Во Велес ќе се реализираат повеќе проекти од областа на културата

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска попладнево во Велес се сретна со градоначалникот Славчо Чадиев и директорите на Народниот театар, Градската библиотека и Народниот музеј во овој град со кои разговараше за повеќе тековни проеки од областа на културата во соработка на централната и локалната власт.

– Добрата соработка на централната и локалната власт резултира со реализација на повеќе проекти од областа на културата. Така изградбата на новиот театар во Велес е во завршна фаза. До крајот на годината, како што и претходно најавив, ќе се изврши технички прием на зградата. Оваа зграда е од огромно значење за Велес, град кој е со богата театарска традиција и затоа заслужува да има еден ваков театар со насовремена сценска опрема и технологија и која ќе биде во интерес на сите уметници и сите посетители, изјави по средбата Канческа-Милевска.

Министерката информира дека веќе е завршен проектот за реконструкција на Спомен костурницата од НОВ, изработен од Конзерваторскиот центар, чии стручњаци деновиве направиле и увид во Спомен костурницата. Деновиве, додаде таа, ќе биде отворен и тендер за избор на фирма која ќе ја изведе санацијата.

Министерката најави и подршка на веќе традиционалните културни манифестации, кои се реализираат во Велес, како и реставрација на некои од архитектонски прекрасните куќи од старата велешка архитектура.

Во врска со археолошкиот локалитет Стоби, министерката информира за започнување на активностите на другиот лак од античкиот театар, чија реализација, како што рече, е скапа, но е од огромно значење за локалитетот. Канческа-Милевска најави дека наскоро во Стоби да се отвори и сувенирница.

Велешкиот градоначалник Чадиев потенцира дека на средбата се разговарало за повеќе проекти од областа на културата и за тоа кои од нив треба да продолжат, со цел, како што рече, да продолжи позитивниот тренд на развојот на културата во Велес.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање