Триесетина членови на македонските фолклорни друштва „Илинден“ од Јесенице и „Охридски бисери“ од Нова Горица престојуваат во Македонија. За време на престојот ќе го посетат Скопје и повеќе места во источна Македониоја.
– Ова е заеднички прокет на нашите две културни друштва во Словенија. Се работи за проект „Запознај ја татковината на твоите предци – Македонија“ и е финансирана од Министерството за култура на Република Словенија, изјави Борче Лазов, председател на МКД „Илинден“ од Јесенице.
За време престојот ке одржат три целовечерни концерти во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Покрај концертите гостите од Словенија ќе ги посетат и мананстирот „Св.Гаврил Лесновски“ во Лесново и повеќе знаменитости во кочанскиот крај.