Како да одгледате вистински џентлмен

Од:

Кои се џентлмените. Тоа се мажите, кои ни отвараат врата, им помагаат на постарите, на непознатите, ве почитуваат вас и вашето мислење, ги штитат послабите..Следат неколку совети како вашиот малечок еден ден да стане вакво момче со кое ќе се гордеете.

Научете го да води, наместо да следи

Никој не сака неговото дете да оди по толпата, без размислување, туку да има свое мислење и став кога ќе порасне. Затоа охрабрете го самостојно да донесува одлуки и да учи од последиците на одлуките, кои ќе ги донесе, без оглед дали тие се добри или лоши. На тој начин детето ќе научи да биде независно и полно со самодоверба.

Научете го дека е во ред понекогаш да биде поразен

Иако тоа го сакаме, не можеме секогаш да бидеме победници. Затоа е важно да го подготвите детето за тоа и да му објасните на поразот да гледа како на можност нешто да научи. Охрабрете го на адекватен начин да го изрази своето разочарување и од своите грешки нешто да научи. Тоа се лекции, кои ќе му користат и надвор од играта, бидејќи во текот на созревањето ќе мора да се соочи со ситуации, кои секогаш не се по негова волја.

Научете го да почитува

Додека расте, вашето дете ќе сфати дека светот е полн со различности и оти секој има свое мислење. Затоа научете го да почитува. Во безброј животни ситуации, нечии ставови нема да се совпаднат неговите, а тоа во што тој верува, ќе биде доведено во прашање. Ставете му до знаење дека е во ред да изрази несогласување со туѓото мислење, но дека при тоа треба да ја почитува другата личност и нејзиното мислење.

Со своето однесување научете го да биде благодарен

Гледајте ги другите во очи додека разговарате, ракувајте се со нив, бидејќи иако не ни изгледа така, малите деца се забележуваат. Не пропуштајте можност секогаш да манифестирате убаво воспитување. Иако заблагодарувањето е едноставен начин на социјална интеракција, тоа ги покажува вашите манири, а тоа е нешто што вашиот мал господин мора да го научи од вас.

Научете го да ја канализира енергијата

И на возрасните им е потребен начин да ја насочат својата радост или стрес, а истото тоа важи и за децата. Дозволете му да се избори со проблемот и емоциите на начин, кој одговара на неговата возраст. Со текот на времето тој ќе сфати кој начин на опуштање и исфрлање на стресот од себе најмногу му одговара.

Помогнете му да сфати колку е важно секогаш да биде искрен

Појаснете му ја разликата меѓу чување тајна, која всушност не смее да остане тајна, на пример некој од неговите другари е во опасност или некој го малтретира и ситни безопасни тајни, на пример која е симпатијата на неговиот другар.

Научете го да биде благороден

Покажете му на својот син дека великодушноста не мора да биде поврзана исклучуво со пари и појаснете му дека има и други начини таа да се изрази. Бидете креативни, но почнете со ситници – замолете го да ви ги донесе сметките од поштенското сандаче, да ви донесе чаша со вода…Пружете му можност да се почувствува горд по стореното добро дело и да научи дека неговата љубов и труд се вредни за сите пари.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ