Руските власти привеле стотица работници во Сочи каде следната година се одржуваат Зимските олимписки игри. Голем број од нив ги држеле во „незаконски и нехумани услови“, соопшти Хјуман рајтс воч.
Странските работници работеле на изградба на објекти или инфраструктура за ЗОИ во Сочи и приведени се за време на рации по градилиштата, објектите за сместување и на јавни места.
Уапсени се заради наводно кршење на миграциски или работнички закони и пуштени на слобода по неколку часа. Дел од нив останале во притвор една недела без храна и адекватно место за спиење и без право на адвокат, наведува Хјуман рајтс воч. Тие биле приведени за време на рации во почетокот на септември и продолжиле и за време на завршната инспекција на МОК за ЗОИ кои треба да се одржат од 7 до 12 февруари во Сочи.