(ВИДЕО) Индиските мудрости на Субрата Рој

Од:

Во синоќешното обраќање на Балканскиот мировен фестивал, Индиецот Субрата Рој одржа получасовен говор пред присутните гости во новиот Македонски народен театар. И покрај подготвениот говор, Субрата Рој излезе од предвиденото сценарио и во својот креативен занес, честопати знаеше да го пушти од рака говорот и да се заборави зборувајќи за животните филозофии кои не опкружуваат секојдневно. Темите кои ги опфати индискиот бизнисмен се однесуваа на различните емоции на луѓето и кучињата, сексот, но и зошто човекот сака да победува во животот.

Пред да го започне своето обраќање, Субрата Рој и додели комплименти на индиската водителка која се вратила од медениот месец специјално за водењето на Балканскиот фестивал, за која рече дека „е негова многу добра колешка, изгледа многу подобро сега, отколку кога била Мис на светот“.


Водителката му возврати: „Дојдов тука од мојот прв и единствен меден месец“
А1он ви ги пренесува мудрите мисли на Субрата Рој, кои не се наоѓаа во подготвениот говор.

„Ако се споредуваме со животните, тогаш и тие јадат, спијат, раѓаат малечки, но прашање е дали имаат емотивна љубов? Најверојатно имаат, бидејќи кучињата го чекаат својат газда да дојде. Но, Господ не им дал голема моќ за размислување, туку им го дал на луѓето. Ние можеме да почитуваме, а можеби кучињата не можат толку да ја искажат таа емоција.“

„Секој човек во Македонија е многу етички и многу смирен. Ги почитувам сите мажи и жени, бидејќи тоа за мене претставува состојба на мир во својот дух.“

„Татко ми секогаш зборуваше: Секој живее сам за себе или за своето семејство. Секој кој живее само за своето семејство треба да излезе надвор од тие рамки.“

„Мора да разбереме дека голем дел од луѓето кои страдаат од сиромаштија ќе се приклонат кон уживање во сексот, како едно од ретките задоволства кои ги имаат.“

„Господ ни ја покажа вистинскиот правец во смисла на иницирање на фестивалот на оваа земја на мирот – Македонија. “

„Медиумите стануваат најголемите непријатели на мирот.“

„ Ние сите одиме на училиште и на факултет, сите ние се описменуваме, но се едуцираме во текот на нашиот живот. Едуцирани се само највозрасните и родителите. Но, во голем број тие луѓе исто така не се едуцирани. Прашањето е како да го едуцираме сопствениот живот. Треба да се обрне внимание на тоа да може да постигнеме мир.“

Кој го разбра го разбра. А кој не го разбра може да ги прегледа видеата неколку пати.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада