Aдвокатот на актерот Кирил Поп Христов, ќе бара да се одложи стартот на судскиот процес, поради неговата нарушена здравствена состојба, објави 24 Вести.
Владимир Данаилов, адвокатот на Кили денеска ја достави медицинската документација во скопскиот Кривичен суд.
Рече дека неговиот клиент ќе ги искористи сите правни средства кои му стојат на располагање.
Судот вчера одлучи да го пушти Кили во домашен притвор поради нарушено здравје. Има тумор на рамото, хепатит Ц и потешка повреда на десната рака. А наскоро го чека и хируршка интервенција.