Советот на Европа испрати 34 набљудувачи за пописот во БиХ, поплаки за нерегуларности во РС

Од:

Советот на Европа испрати 34 меѓународни набљудувачи за пописот на населението и домаќинствата во БиХ, кој се спроведува од 1 до 15 октомври.

Набљудувачите имаат задача да проверуваат дали пребројувањето се врши непристрасно и на објективен начин.

Додека властите во БиХ тврдат дека пописот минува без проблеми, од некои места стигнуваат информации за евентуални нерегуларности, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“.

Во една куќа во Котор Варош во Република Српска биле преброени над 20 Бошњаци, а на друго место еден муслиман изјавил дека има 27 деца.

Извор на весникот, близок до пописната комисија, смета дека тоа претставува „класичен обид за искривување на резултатите од пописот“.

Заменик-директорот на Агенцијата за статистика на БиХ, Фадил Фатиќ, исто така, изјави дека има многубројни реакции за прекршување на процедурата при пописот, што може да се одрази на веродостојноста на резултатите.

Првичните резултати од пописот ќе бидат познати во следните 90 дена по неговото завршување.

Овој попис е од големо значење за економскиот и социјален развој на земјата, бидејќи власта ќе ги добие потребните податоци за институционално и политичко планирање.

Последниот попис на населението во БиХ е извршен во март 2001 година.

Би можело да ве интересира

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера