Бројот на жртвите во поројните дождови во планинскиот реон во Северозападна Кина достигна 42 лица. Седумнаесет лица се водат за исченати како последица на природната катастрофа во провинцијата Гансу.
Најтешко погодена е областа Минсјан, каде поројните дождови и град засегнале околу 358 илјади лица при население од вкупно 450.000.
Во изминативе денови биле евакуирани околу 30.000 лица. Системот за снабдување со електрична енергија е во прекин во 42 села.
Спасувачките операции се отежнати од ниските температури и поројните дождови, а на места дури и од снежни врнежи.