Еден пациент од Австрија се враќа денеска во државата – странски тимови за рехабилитација се пристигнати во нашите центри

Од:

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите.

– Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови. Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања, ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа клиника се хоспитализирани тројца пациенти, појаснуваат од Министерството.

Изминатото деноноќие немало згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија. Како што информираат, во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани тројца пациенти, а во „Свети Наум Охридски“ остануваат шестмина кои се хоспитализирани на одделение. На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациенти, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

– Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници. Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани, се нагласува во денешното соопштение.

Би можело да ве интересира

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“