Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

Од:

Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, а такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска, информираат од прес-службата на ЈОРСМ.

За да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, од Обвинителството посочуваат дека не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тимот од јавни обвинители кој работи на случајот, како што информира претходно, работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“