Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на двајца кои се лекуваат во Солун

Од:

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.

Од нив по шест се во стара градска и ГОБ 8 Септември и четири во клинички центар. На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени четири пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба.

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера. За денеска нема најава за враќање други пациенти од странство.

Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти и остануваат во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство.

Би можело да ве интересира

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Сведоци за пожарот во „Пулс“: Паника за време на настапот на ДНК

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски