16 повредени од пожарот во Кочани се очекува да бидат испишани од болниците

Од:

Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од болниците и лекувањето да го продолжат во домашни услови.

Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во државава, а надлежните тврдат дека ги преземаат сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување.

Во моментов во државава се лекуваат 54 пациенти од трагедијата во Кочани, 46 во јавните здравствени установи, а осум во приватните болници. Од оние во јавното здравство, 26 се лекуваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тројца на КАРИЛ, шестмина на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, по двајца на Пулмологија и Детска хирургија и по еден на Торакална хирургија и Офталмологија. По десет лица се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во странство се лекуваат 115 пациенти, а од нив четири се во критична состојба. Оваа недела се очекува осуммина од оние во странство да се вратат на клиниките кај нас.

– Веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат, кои се лекуваат надвор од државата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Оваа недела очекуваме осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, изјави вчера министерот за здравство Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“