Пуштале музика во денови на жалост, приведени двајца менаџери на угостителски објекти

Од:

Двајца одговорни во угостителски објекти во општина Центар во Скопје се приведени синоќа бидејќи била пуштата музика во деновите на жалост информираше Министерството за внатрешни работи.

– На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, се вели во соопштението од МВР.

Претходно, полицијата приведе и двајца 18-годишници кои правеа огномет на роденденска забава во ресторан во градскиот парк ов Скопје.

Владата прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.Во овој период, угостителските објектие треба да работат без музка, медимите треба да ја прилагодат програмата, а откажани се сите култирни и спортски манифестации.

Би можело да ве интересира

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Сведоци за пожарот во „Пулс“: Паника за време на настапот на ДНК

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски