Над 840 илјади евра собрани за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Од:

Досега се собрани 51.822.579 денари за за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот.

Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа.

Од Владата најавија дека сите семејство погодени од трагедијата, првично ќе добијат по 150 илјади денари.

Покрај овој фонд на Црвениот Крст, граѓаните донираат и на https://supportkocani.com/?fbclid=IwY2xjawJLZX5leHRuA2FlbQIxMQABHYZwUtXghwxA_yRpPQkMh0wV-qVwHwAS6V0lOPjksq1NQ81BZzrE9R4kRA_aem_WxIahk6vBNPF-Lsiu0nD9w каде што се донира директно на повредените кои се лекуваат во странство.

Исто така постои можност за донација и преку https://ecrowd.mk/projects/2b72b6ef-ad8f-4a8a-a2ab-ef4f0b3b6e4b?fbclid=IwY2xjawJLZfFleHRuA2FlbQIxMQABHSANaArKiHA3y_jldbMeRtA2Np3BP7C0k_Hwa8i03dxvlmaxFinIxgVVKQ_aem_8MuWqbL0Nb6OaJ9isOa0RA.

Би можело да ве интересира

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот