Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

Од:

Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија.

Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржува погребните церемонии за починатите во пожарот.

На 16 март утрината околу 2:35 часот избувна пожар во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата ДНК. Во пожарот загинаа 59 лица меѓу кои и осум члена на групата ДНК. Меѓу загинатите има шест лица со возраст под 18 години, а највозрасниот загинат има 48 години. Во пожарот беа повредени над 180 лица кои се згрижени во болници во земјава и во странство. Во државава во моментов се лекуваат 72 пациента, а надвор 101, додека три лица веќе се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот