ВИДЕО: 72 пациенти со изгореници се испратени во странство

Од:

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, Клиника за токсикологија – 10 пациенти, Аџибадем Систина – 7 пациенти.

Надвор од државата во текот на вчерашниот ден на лекување биле упатени 21 пациент и тоа во Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти и Република Бугарија – 1 пациент.

Сите пациенти од Кочани и од Штип се пренесени во скопските болници.

15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар, а очекува да пристигнат и специјалисти од Израел кои ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба.

Од пациентите кои се во критична состојба, четворица ќе бидат испратени во Словенија, четворица во Хрватска, шестмина во Австрија и 12 во Србија.

Би можело да ве интересира

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка