Министерството за здравство со нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки, се вели во соопштението.

Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Би можело да ве интересира

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“