Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

Од:

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица.

– Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна, напиша Папазов на Фејсбук.

Бара од надлежните институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани додавајќи дека целосно им стои на располагање на институциите.

– Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се’, како и за моите лични постапки, пишува Папазов.

Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, вели Папазов, го повикувам Обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.

– За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам. Работев чесно и посветено целиот свој живот! Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!, напиша Папазов.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство со нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Им стоиме на располагање на нашите браќа Македонци, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе

Горан Наумовски

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Градските гробишта во Кочани ќе се прошируваат, настраданите во дискотеката ќе бидат погребани на посебно место