Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

Од:

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

– Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција информира дека веднаш биле преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов има информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито. Тоа е документ, рече Мицкоски, за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Според него, тука има многу прашања кои истрагата ќе ги одговори.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

A1on