Мицкоски: Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите

Од:

„Ќе се разгледаат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите“ рече премиерот Христијан Мицкоски на прес – конференцијата во Владата.

Премиерот искажа голема благодaрност до докторите и целиот медицински персонал во земјава, кои несебично се вклучија во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање.

– Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочите кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно, нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка, закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување – нагласи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека ги слушна пораките од опозицијата и посочи дека не сака да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност.

– Ова не е меѓупартиска битка помеѓу ВМРО–ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпирани од сите партии и од сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија и во ВМРО–ДПМНЕ и во СДСМ, и во ВРЕДИ и во ДУИ и во сите други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпирани и раскалшени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите, исто како што тие го гзрозија и прегаизја ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема сосема жртви, ги зема најмилите – рече меѓудругото премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст

Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа и порача дека повеќе од кога ни е потребно обединување

ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Беа на ист настан, премиерот не кажа до кога Лимани ќе биде министер

Катерина Ѓуровски