Вучиќ: Парламентарните избори може да се одржат на 8 јуни

Од:

Српскиот парламент во вторник или среда треба да ја констатира оставката на Милош Вучевиќ и ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада.

Доколку не се формира Влада, ќе се одржат нови избори, кои најверојатно ќе бидат на 8 јуни, изјави на седницата на Владата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во однос на состојбите во државата, тој истакна дека е важно работите целосно да се нормализираат и, како што рече, децата да учат и да функционира образовниот систем.

Тој присуствуваше на седницата на Владата на Србија на која меѓу другото беше одлучено вторник да биде Ден на жалост поради трагедијата во Кочани.

„Тоа значи дека 18 април е краен рок за формирање на Влада на Србија. Ако сакате, а ако не сакате, тогаш ќе има избори бидејќи рокот е од 45 до 60 дена, што значи дека ако не се формира Влада, изборите би биле на почетокот на јуни, на 1 или на 8 јуни. Пологично е да се каже на 8 јуни“ рече Вучиќ на седницата на Владата на Србија.

Коментирајќи ги вчерашните протести, тој рече дека е „важно и добро“ што немало поголеми нарушувања.

„Успеавме целосно да го зачуваме мирот и стабилноста и не употребивме полициски сили за смирување на тензиите или нешто слично“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Тие сакаа да ја уништат независна Србија“

Горан Наумовски

Вучиќ: Наскоро одиме на избори, немам страв од изборната ноќ

A1on

Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка

Вучиќ се одмаздува за враќањето на неговата „гарда“, од вчера ниту еден Црногорец не е пуштен во Србија, пишуваат црногорските медиуми

БИА го советува Вучиќ да не оди во Тиват

Катерина Ѓуровски

Вучиќ вторпат најавува оставка

Катерина Ѓуровски