Сиљановска Давкова: Да се сплотиме во болката, не е време за делби и конфронтации

Од:

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не треба никогаш повеќе да дозволиме поради манипулација, корупција и занемарување на стандарди да страдаат невини жртви.

Таа во обраќање до јавноста рече дека најтешко повредените се транспортираат на специјализираните болници во Бугарија, Србија, Грција и Турција, заради добивање соодветна нега.

„Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Почитувани и сакани граѓани, ве молам, водени од емпатијата да се сплотиме во болката. Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот згасна поради манипулација. Ниту еден одговорен не смее да избегне казна. Да ги здружиме силите околу преживеаните, да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе. Никогаш да не дозволиме да ги занемаруваме стандардите“ – порача Сиљановска – Давкова.

Рече дека ништо не е повредно од човечкиот, односно од младешкиот живот.

Таа рече дека нема зборови на утеха за семејствата на загинатите.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он