МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

Од:

„Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош“ соопштија од Министерство за здравство.

Ја презентираа распределбата на хоспитализираните пациенти:

Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:

Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3

Од МЗ информираа и за телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071 / 226 – 764
Клинички центар- 070 / 387 – 115
СВ Наум Охридски – 075 / 203 – 026

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење