Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

Димитриевски повика граѓаните заеднички да ја споделат болката, на повредените им посака брзо закрепнување.

– Во овие тешки моменти на болка и тага во мое лично име и во име на сите кумановчани изразувам длабоко сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани а на повредените брзо закрепнување. Ова е трагедија за Македонија и сите наши граѓани, мора да ја споделиме и поднесеме заедно сите, обединети, сплотени и солидарни како што некогаш биле нашите предци. Да ги оставиме надлежните да си ја вршат својата работа, здравствено да ги истретираат повредените, истражителите да ги утврдат фактите, а одговорност од сите видови ќе мора да има – напиша Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата