Таравари: Во моментот 148 лица згрижени низ болниците во државата, 18 лица критично

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравaри изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.

– Во моментов 148 лица се згрижени низ болниците во државата од кои 18 се во критична состојба – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажeн, што не е сместени низ болниците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата, изјави Таравари.

Тој не сакаше да каже бројка на повредени кои се хоспитализирани на скопските клиники и дека ќе информира дополнително за тоа по посетата на Ургентниот центар.

-За жал има и малолетни деца згрижени, дел од нив во критична состојба, рече министерот.

Таравари на прашањето дали има доволно капацитети на Клинички центар, хируршките клиники и дали може таму да се згрижуваат најтешко болните на кои им е потребно интензивно лекување, со оглед дека беше најавено реновирање на КАРИЛ, тој посочи дека тоа е одложено.

Најави дека повеќе информации ќе даде откако ќе добие податоци од клиниките во однос на видот на повредите и дали некој од хоспитализираните во меѓувреме им подлегнал на повредите.

Кажа дека засега се во комуникација со државните болници, бидејќи нема потреба за тоа. Била понудена помош и од соседните земји.

– Министерот за здравство на Бугарија се јави дека се подготвени за се што треба. Евентуално ако има потреба тука се за да ни помогнат, изјави Таравари, додавајќи дека засега државните болници се добро организирани и нема потреба од странска помош. Помош понудиле и клиниката во Белград и уште една од Холандија.

По посетата на Ургентниот центар најави дека ќе замине за Штип, а од таму за Кочани за да добие точни информации.

Би можело да ве интересира

Амбасадорката на Србија: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград

(ВИДЕО) Граѓани на Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи трагедијата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ова не е време за политички пресметки, туку за единство и правда

ВИДЕО: Болка, солзи, но и гнев и револтот на протестот во Кочани

Катерина Ѓуровски

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна

Мицкоски: Ова е масовно убиство

Катерина Ѓуровски