ВИДЕО: Се утврдува бројот на жртви, дел од повредените од пожарот во Кочани префрлени во болниците во Штип и во Скопје

Од:

Бројот на повредени во пожарот во дискотека во Кочани е голем и го надминува капацитетот и можностите на болницата во градот, па дел од нив се префрлен во Штип и во Скопје.

– Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он