Ја загуби ќерката при падот на настрешницата во Нови Сад, но смета дека „Ова не е начин да се дојде до правдата“

Од:

Ѓуро Раца, татко на трагично загинатата Горанка Раца, која загина на 1 ноември кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, апелира дека така не може да се дојде до правда за сите жртви.

„Ова не е начин да се дојде до правда, работите треба да се решаваат мирно и со дискусија“, вели Ѓуро Раца.

Тој додава дека некои овој немил случај на паѓање на настрешницата го исристија против државата.

„Според мене и Обвинителството и судот си ја вршат работата. Семејството Раца осудува дека опозицијата и студентите се обидуваат да го урнат државниот поредок и дека се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија. Веруваме во државата и државните органи дека ќе ја завршат својата должност и ќе ги најдат одговорните за падот на настрешницата. Им испраќаме поддршка на студентите во Пионирски парк кои сакаат да учат и мирно да ги решаваат проблемите, не е во ред по 15 минути молчење да се слави, да се пее, да се игра и слично, а сето тоа го видовме на улиците низ земјава“ рече Раца.

Тој апелира до сите да престанат со насилството и хаосот бидејќи во својата тага и болка најдобро знае колку градот Нови Сад, но и државата Србија му помогна на неговото семејство по трагедијата.

Побара и да не го користат името на починатата Горанка Раца, таа да почива во мир, како и да ги остават државните институции да си ја завршат работата, а одговорните секако ќе бидат пронајдени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шест месеци по трагедијата во Србија: Големи протести во Белград и Нови Сад

Патрик Дрид, декан на ДИФ во Нови Сад, денес е нападнат пред неговиот факултет

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Продолжува студентската блокада на РТС

Горан Наумовски

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Пред РТС се скандира „Не лажете“: Голем број студенти и граѓани протестираат пред јавниот сервис

Горан Наумовски