Вучиќ повика на „најголем собир во историјата на Србија“ – на 28 март во Белград

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги покани луѓето да дојдат во Белград на собир, на 28 март.

– Формирањето на движењето го одложуваме за шест дена, на 21 март, а цела Србија ја покануваме во Белград на 28 март на најголемиот собир во историјата на Србија. И јас се согласив, колку што разбрав, и Милош прифати и Претседателството (СНС), не знам дали треба да се изјасни Главниот комитет: Ја покануваме цела Србија, буквално цела Србија, работничка, работна, селска, чесна Србија, на која и е доста од сето ова, на најголемиот собир во историјата на Србија на 28 март во Белград – рече Вучиќ.

– Да повторам, додека сум жив нема да има преодна влада. Да живее Србија! – повтори претседателот.

Вучиќ во своето обраќање го коментираше и собирот најавен во Белград на 15 март и рече дека секој што ќе ги оштети државните институции или ќе се обиде да влезе во нив, како што налага законот, ќе биде казнет со затвор од 3 до 15 години.

„Ако тој ден почнат со насилство, тој ден ќе ја завршиме работата, а судијата ќе свири крај“, нагласи претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за НИС: Имаме многу резерви, но тие нема да нè спасат, 37 дена сме под санкции

Горан Наумовски

Вучиќ за Дијана Хрка: Сакам да запре агонијата на жена која изгубила дете

А1он

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Вучиќ ја замоли Дијана Хрка да го прекине штрајкот, таа му порача: Дојди тука да разговараме, пред сите!

А1он

Вучиќ и понуди муниција на Европската унија, реакција од Москва

Вучиќ: Да го признаеме Косово и да воведеме санкции за Русија – уште утре ќе не примат во ЕУ

А1он