Официјалната истрага за смртта на холивудскиот ветеран Џин Хекман (95) и неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава (64) е завршена. Сепак, шокот од откритијата на истражителите ќе трае уште долго.
Според извештајот на лекарот, Хeкман починал од срцеви заболувања, а дополнителен фактор е напреднатата Алцхајмерова болест. Неговата сопруга починала од хантавирус пулмонален синдром, ретка вирусна болест поврзана со глодари која има симптоми слични на грип. Теориите за труење со гас, јаглерод моноксид или лекови се отфрлени.
Приказната за последните денови од животот на големиот актер добива особено трагична нота со откритието дека Бетси Аракава била првата што умрела. Иако не можат точно да одредат кога, истражителите веруваат дека таа починала на 11-ти февруари.
На Хакман му бил вграден пејсмејкер, „последната снимена активност била на 17-ти февруари, што покажува дека актерот најверојатно починал тогаш или најдоцна до 18-ти февруари. Нивните тела биле откриени на 26-ти февруари од работници кои, како што било договорено со Аракава две недели претходно, дошле да работат на одржување на имотот.
Тие беа во брак повеќе од 30 години и живееја многу затскриено, особено во последните неколку години, на прекрасен имот во рамките на затворената заедница во Санта Фе, Ново Мексико.