Милош Вучевиќ, премиерот на Србија во заминување, на панел дискусија во Бечеј истакна дека образованието е еден од најчувствителните делови на земјата.
-Државата те плаќа да ги учиш децата, а не да ги исфрлаш од училница. Не сакаш да работиш, не мораш, нема плата. Значи се занимаваш со политика. Па нека ве поддржат тие промашени политичари денес. Нека ве поддржуваат тие, а не даночните обврзници. Не работни луѓе, не пензионери, не земјоделци, не работници. Нека те поддржува некоја странска фирма, агенција, кој сака, не ми е гајле. Државата нема да плаќа за безделничење и не смее да плаќа за безделничење. Се надевам и дека разумот ќе надвладее, дека ќе ги вратат студентите. И не прашуваат ни ден дали воопшто може да се врати учебната година. И се ќе пропадне, а децата ќе ги уништи – заклучи Вучевиќ.