(ВИДЕО) Петрушевски: Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со СДС и со кого се координира пред секој настап?

Од:

ССМ е киднапирана од СДС. Веќе подолг период овој синдикат нема автентично делување, туку следи насоки на опозицијата. Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со СДС и со кого се координира пред секој настап? Трендафилов да не ги лаже работниците и јасно да каже, дали од СДС му е кажано да излезе со илузорни барања за потоа тие да се налепат преку прес-конференции на темата, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Трендафилов е ставен во канал на партиското делување на СДС. И таа улога свесно ја прифатил, и свесно ги манипулира внатре во ССМ. Трендафилов да каже дали планот на СДС кој го спроведува, тој е предвреме осуетен од самите работници, кои го разоткрија, па СДС се приклучија со наводни предлози и решенија цела недела порано?

Точно знаеме кој и како го координира Слободан Трендафилов. Паниката е огромна и кај Слободан Трендафилов и кај СДС. А тоа се гледа и низ делувањето внатре во ССМ, каде на секој месец до два се менува Статутот. Од што се плашат Трендафилов и СДС и што кријат од синдикалците? Продолжуваме со разобличување на Трендафилов и СДС. Тие се прочитани, а нивниот план осуетен, нагласи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот