Пред гласањето за недоверба на владата, Мицотакис вети модернизација на железницата

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вети дека ќе ги модернизира железниците во земјата додека неговата влада се подготвува за гласање недоверба под притисок на големите протести поради железничката несреќа во 2023 година, во која загинаа 57 лица.

Два дена откако стотици илјади Грци излегоа на улиците на втората годишнина од смртоносната железничка несреќа, огорчени од неадекватната реакција на државата, Мицотакис призна дека не е направено доволно за да се изгради „безбеден и модерен транспортен систем“, велејќи дека најголемите протести во поновата историја ја нагласија потребата за брза акција, пренесува Катимерини.

Несреќата што се случи во февруари 2023 година во клисурата Темпи, на линијата Атина – Солун, кога патнички воз директно се судри со товарен воз, однесе 57 човечки животи.

„Нашата инфраструктура мора да се модернизира и да се направи безбедна, бидејќи она што е направено во последните години едноставно не е доволно“, рече Мицотакис во своето неделно јавно обраќање посветено на оваа несреќа, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не e во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција

А1он

Мицотакис – Руте: Поддршката за Украина мора да продолжи

А1он

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Мицкоски за средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството

Мицотакис го информирал Европскиот Совет за „директното прекршување на Договорот од Преспа од претседателката и премиерот на Северна Македонија“